Земјите како што се Австралија, Нов Зеланд и Исланд се најбезбедни во случај на катаклизма, трета светска војна или појава на пандемија, велат научници од Универзитетот „Отаго“ во градот Данидин, во Нов Зеланд.
Во нивниот објавен труд тие објаснуваат дека изолирани острови на кои можат да живеат повеќе од 250.000 луѓе, се најпогодни за спас на човештвото.
„Затворен остров во кој има доволно залихи, би можел да биде идеално место за преживување на некаков вид на катастрофа. Потоа планетата повторно би можела да се насели. Островите се идеални места за преживување на некаков вид на катаклизма, затоа што се отсечени и затворени. Тие се идеални во спречување на ширење на некоја зараза. Останатите копнени површини тешко може да се контролираат и може многу лесно да се рашират болестите“, велат од Универзитетот.
Научниците велат дека доколку на човештвото му се заканува некаков вид на катаклизма, во обновувањето на цивилизацијата неопходно е меѓу одбраните, да има преживеани како што се научници, технички експерти и научни специјалисти. Во трудот во предвид се земени и политичките и социјалните услови, како и квалитетот и количеството на природните извори и климата.
Поврзани артикли