Сингапур ќе воведе комерцијални 5G услуги од следната година бидејќи земјата сака да постави „’рбет на својата дигитална економија“.

Toa денеска го изјави министерот за комуникации и информации на Сингапур, С. Исваран, а објави CNBC.

Регулаторот за телекомуникации во Сингапур, Info-communications Media (IMDA) објави денеска дека најмалку 50 проценти од површината на тој град-држава ќе биде покриен со независна 5G мрежа до крајот на 2020 година.

Терминот независна мрежа се користи за инфраструктура дизајнирана за користeње 5G технологија и е потребна за развој на нови апликации за паметни фабрики, автономни возила и т.н. „интернет нешта“.

Се верува дека ќе биде поефикасна од почетниот бран на 5G мрежи кои се развиени со употреба на постојната 4G инфраструктура, па затоа е наречена независна 5G мрежа.