Мистериозните структури на небото, кои ги збунуваа астрономите со децении, конечно го добија своето објаснување – што всушност е многу невообичаено.

„Кога би го погледнале небото, ќе видиме структура слична на тунел во речиси секоја насока. Односно, тоа би било можно кога би можеле да гледаме радиобранови со голо око“, вели астрономот Џенифер Вест од Универзитетот Торонто во Канада.

Две огромни структури

Имено, на нашето небо можете да видите две големи структури за кои знаеме со години, но не сме ги поврзале досега – North polar spur и Fan region. North polar spur (NPS) е голема област со топол гас што емитува рентгенско и радио зрачење, сместена над рамнината на нашата галаксија. Започнува во близина на соѕвездието Стрелец и се протега до Скорпија, Лупус и Кентаур.

Fan region е област за која се смета дека е еден од најдоминантните извори на поларизирано зрачење.

North polar spur и Fan region се на спротивната страна на небото, но научниците веруваат дека тие би можеле да бидат поврзани со огромен систем на магнетизирани нишки. Овие нишки затоа би можело да формираат структура слична на тунел која кружи околу Сончевиот Систем, но и други блиски ѕвезди, пишува Science Alert.

Поврзани магнетни нишки?

Џенифер Вест и нејзините колеги успеаја да покажат дека двете области може да се поврзат. Користејќи модели и симулации, тие покажаа како може да изгледа радиското небо ако двете структури се поврзани со магнетни нишки. Тие утврдија дека структурите најверојатно се оддалечени околу 350 светлосни години од нас, што е во согласност со некои други проценки.

Се разбира, потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат овие наоди. Но, оваа студија веќе понуди добри одговори на прашањето за формирањето и еволуцијата на магнетните полиња во галаксиите и начинот на одржување на овие полиња.

„Магнетните полиња не постојат изолирано. Тие мора да бидат меѓусебно поврзани. Значи, следниот чекор е подобро да се разбере како ова локално магнетно поле се поврзува со галактичко магнетно поле од поголем размер, но и со магнетни полиња од помал обем, како што е она на Сонцето и Земјат“, рече таа.