Кога ќе се спојат модата и технологијата имаме чувство дека ја „носиме“ иднината, таков пример е паметната тексасна јакна на која заедно работеа Levi’s и Google. Имено, Levi’s се здружи со Google и неговата плаформа Jacquard на нов модел на паметна јакна со чија помош ќе можете да го користите мобилниот телефон без да го вадите од џебот.

Како функционира?

Мобилниот телефон го чувате во џебот, со помош на малиот уред кој е ставен во малото отвор во левиот ракав, вие можете да ја активирате камерата, да примите повик, да ја контролирате музиката што ја слушате и воопшто да го користите телефонот без да го вадите. Сè ова со помош на електронската Jacquard Tag плочка (потсетува на SD картичка), која е во левиот ракав и е поврзана со мобилниот. Плочката реагира на допир, но прима наредби и со глас.

Јакната доаѓа во две верзии, класичниот и модел со крзно. Може да се пере без проблем, но претходно да се извади Jacquard Tag плочка.