Руската компанија Caviar, која е најмногу позната по своите скапи и луксузни дизајни на телефони, сега ја објави својата iPhone 11 Pro верзија. Телефонот се вика Victory (ја имплементира буквата „V“ на задниот дел, го дели задниот панел на два дела и го отфрла четвртастиот систем за камери, за кој многумина имаат забелешки).

Лимитираната колекција iPhone 11 Pro е „симбол на супериорност на убавина наспроти рутина“, според производителот. Различни, рачно создадени, дизајните се достапни за iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max, додека камерите се опкружени со различни елементи на дизајн. Caviar додаде и куќиште отпорно на удари, како и дополнителна заштита за екранот.

Кога станува збор за цената, најевтината варијанта е Victory Titanium, каде за уредот со 64GB простор за складирање треба да се издвојат 4.290 долари. Цената е уште повисока ако сакате поголема меморија или поголем iPhone.

Оние кои се одлучуваат за задниот дел покриен со алигаторска кожа, ќе мора да издвојат над 12.000 долари, додека точно 30.820 долари ќе чини верзијата iPhone 11 Pro со вистински дијаманти на задниот дел, кои ги одделуваат двете школки од златото.

Извор: Benchmark.rs