Во неочекувана најава, во текот на The Game Awards 2019 настанот, Microsoft ги прикажа првите детали и увид во Xbox конзолата од следната генерација. Фил Спенсер стапи на сцената за да го потврди Xbox Series X, потврдувајќи го новото име и изгледот на претстојниот уред. Исто така е прикажан и новиот Xbox Wireless контролер.

Microsoft ја даде следната изјава по објавата на конзолата: „Xbox Series X ќе биде нашата најбрза и најмоќна конзола било кога и ќе постави нова граница за перформанси, брзина и компатибилност, овозможувајќи му на играчот да понесе игри од три генерација со себе. Индустрискиот дизајн на конзолата ни овозможува да испорачаме четири пати поголема процесорска сила, отколку што има Xbox One X, на потивок и пефикасен начин“.

Конзолата ќе поддржува хоризонтално и вертикално поставување, слот за дискови од предната страна, додека врвот е веројатно е опремен со вентилатори за проток на воздух.

Кога е во прашање внатрешниот хардвер, Xbox Series X користи прилагоден AMD чип со Zen 2 и RDNA архитектури и има хардверски акцелериран raytracing. Microsoft истакнува дека конзолата ќе може да поддржи 4K 60FPS гејмплеј, со можно зголемување и на 120 FPS.

Xbox Series X конзолата и новиот Xbox Wireless Controller пристигнуваат во текот на празничната сезона во 2020. година.