Lamborghini е познат по своите суперавтомобили, но сега влезе и на гејмерскиот пазар.

Во соработка на Lamborghini и Secretlab, создадена е одлична нова гејмерска столица, која стана дел од колекцијата Automobiles Lamborghini.

Столицата е достапна со стандардно седиште, како и во варијантата Pinnacle Edition.

Презентацијата се одржа за време на глобалниот натпревар во тркачки симулации наречен The Real Race.

Столицата има облик на јајце, содржи карбонски влакна и алкантара, материјали кои се користат во производството на автомобилите Lamborghini. Столицата се издвојува и благодарение на украсите и истакнатото лого на Lamborghini на потпирачот.

Secretlab е основана во 2014 година и стана лидер во производството на столици за гејмери. Неговите столчиња ги користат повеќе од милион луѓе ширум светот и се особено популарни меѓу елитните гејмери.

„Количината на детали што го сочинува секој автомобил Lamborghini е неверојатна, а тоа е нешто што го негуваме во Secretlab. Комбинирањето на нашата врвна технологија и ергономија со тркачката ДНК на Lamborghini за производство на модели на две столици за најверните фанови на брендот беше сон“, рече соосновачот на Secretlab Иан Анг.

Цените на столиците уште не се објавени, а на пазарот ќе пристигнат следната недела.

Извор: Klix.ba