Samsung го претстави Galaxy A20s, кој пристигнува со 6,4-инчен HD+ Infinity-V TFT екран, а го покренува Snapdragon 450 чипсет.

Телефонот има 3GB и 4GB RAM, како и 32GB и 64GB простор за складирање податоци, проширлив преку microSD слот. На задната страна на уредот се наоѓаат три камери: 13MP главна (f/1.8), 8MP 120° ултраширока и 5MP depth. Предната камера од 8MP има поддршка за отклучување преку цртите на лицето.

Задната страна на телефонот е изработена од пластика, со градиент финиш, а на задниот дел е сместен и сензорот за отпечатоци од прсти. Уредот го напојува батерија со капацитет 4000mAh, со опција од 15W брзо полнење.

Samsung Galaxy A20s пристигнува во црна, сина, зелена и црвена варијанта, а веќе се наоѓа во продажба на Тајланд, по цена од околу 210 долари. Цената и достапноста на телефонот на глобалните пазари се уште не се познати.