Паметните телефони успеаа да ги испратат дигиталните камери назад во минатото. Секогаш постои посебна група која следи како се одвиваат работите во одредено технолошко поле.

Канцелариите на Асоцијацијата за камери и оптички уреди, внатре во кој се наоѓа најголемиот производител на овие производи, сигурно не биле забавно место за работа уште од 2010 година. Во тој момент, индустријата за камера започна да бележи опаѓање по неколкудеценискиот постојан раст на пазарот и продажбата.

По врвот во 2010 година, кога беа забележани продажби од 121 милион единици, работите почнале да се менуваат на полошо. Бројките покажуваат пад од 84 проценти од 2010 година, а минатата година испорачани биле 19,4 милиони единици – што е најнизок број од 2001 година.

И додека овој негативен удар најмногу ги погоди преносните фотоапарати, пад на продажбата забележале и професионалните камери.

А виновникот за ова е повеќе од јасен. Во прашање е смартфонот.

Камерите на паметните телефони на самиот почеток биле многу поудобен начин за да се забележи некој посебен момент, но тие не биле голема конкуренција за дигиталните камери.

Денес ситуацијата е сосема поинаква, и камерите на најновите смартфони можат да забележат навистина импресивни фотографии.