Неколку дена по својата премиера, новиот предводник на OnePlus го доби својот прв сериозен софтверски апдејт, кој додава и значителни нови функционалности.

Сопствениците на OnePlus 6 сега имаат можност да го сокријат исечениот дел од екранот. Тоа беше најавено уште пред претставувањето на телефонот, но поради временски ограничувања не успеа да најде реализација во првичната верзија на софтверот.

Други карактеристики вклучуваат проширени функции за управување со избришани датотеки во галеријата и поддршка за брзи селфи фотки во портретен режим. Камерата пак се стекна со нови режими за снимање на видео во бавно движење, откако корисниците веќе имаат пристап до опцијата за клипови со 480 фрејмови во секунда при резолуција 720p и 240 фрејмови во секунда при 1080p.

Ширењето на новиот софтвер ќе започне во наредните денови, а на оние што им се брза, може да го симнат и инсталираат рачно од сајтот на OnePlus.