Huawei е подготвен за претставувањето на Mate 30 серијата смартфони, која ќе го користи новиот Kirin 990 чипсет и која ќе биде објавена на 19. септември. Покрај новите телефони, се очекува и претставување на Watch GT 2 паметниот часовник.

Кинеската компанија ова го најави преку видео на страниците на Weibo. Самото видео не открива ништо за Watch GT 2, освен дека ќе користи нов чипсет за носечки уреди – Kirin A1.

https://youtu.be/xhofHTKqKNM

Претходните гласини споменуваа дека Huawei Watch GT 2 ќе има вградена поддршка за GPS и оптичко следење на работата на срцето. Ќе постои и микрофон и звучник, така што ќе може да се извршуваат разговори преку часовникот, а уредот ќе го напојува батерија од 445mAh.

Ќе постојат два Watch GT 2 модела – Classic i Sport, а на пратечките рендери можете да видите како тие изгледаат.