Samsung Galaxy S11 најверојатно ќе биде претставен на 18. февруари, а протечените информации и гласини почнуваат да формираат се појасна слика за она што можеме да го очекуваме од новите смартфони на јужнокорејската компанија.

Ice Universe вчера објави дека Galaxy S11+ моделот ќе има 48MP перископ камера, а сега тоа и го појасни. Камерата наводно ќе има 5x оптичко зумирање. Сега имаме прилично јасна слика кога се во прашање камерите. Galaxy S11+ ќе го користи новиот 108MP ISOCELL Bright HM1 сензор со Nanocell технологијата на пиксел бинување, која спојува девет пиксели во еден, ефективно овозможувајќи најголеми пиксели во индустријата од 12MP.

Покрај ова, Ice Universe објави и фотографии од прототип на стаклото на дисплејот на S11, кои покажуваат речиси непостоечки рами од горната и долната страна на уредот. Засеког за предната камера, исто така, изгледа помал од оној на Note10 серијата и повеќе одоговара на она што го видовме кај Galaxy A51 и A71 моделите.

Според претходните гласини, Galaxy S11 ќе има 6.4-инчен екран, S11+ ќе има дисплеј од 6.9-инчи, додека компактниот S11e ќе има 6.2-инчен панел.