Huawei неодамна го одложи пуштањето на флексибилниот Mate X во продажба се до ноември оваа година. Но, се чини дека причина за тоа не се проблемите со преклопот и екранот, туку неочекуваната надградба на хардверот.

Изворот наведува дека Mate X ќе пристигне на пазарот со нов Kirin 990 процесор, кој официјално се уште не е претставен. Но, за него нема да тѕреба долго да се чека, бидејќи врз основа на него се темелат и уредите од новата серија Mate 30.

Дополнително, Mate X ќе добие и понови камери, па наместо сензорите од Mate 20 серијата, ќе добие сензори од поновата P30 серија. Со тоа, главната камера наместо RGB филтер ќе има Quad-Bayer филтер со RYYB распоред на бои, кои ќе овозможат продор до 40 проценти повеќе светло во однос на RGB.

За промената на останатите спецификации засега нема информации, па треба да се верува дека ќе останат исти. При тоа мислиме на RAM меморијата (8 GB), просторот за складирање (512 GB), батеријата (4.500 mAh) и друго. Исто така, се очекува дека и цената од 2.299 евра ќе остане иста, и покрај подобрениот хардвер. Тоа во некоја рака би бил и мал подарок за купувачите поради доцнењето.