Poco F2 Pro има голема задача да биде на нивото на својот претходник. Poco F1 своевремено одлично помина на тестот на издржливост на популарниот YouTube канал JerryRigEverything. Poco F2 Pro пристигнува по повисока цена, а истовремено се поголеми и очекувањата кога се во прашање можностите на телефонот.

Видеото ја покажува разликата помеѓу отпорноста на пластиката и стаклото. Зак, кој ги спроведува тестовите, заборави да ја отстрани пластичната заштита за екранот, кои знаци на гребење покажува на третото ниво на Мосовата скала, додека стаклото под заштитата се гребе на шестото ниво.

Poco F2 Pro го отфрла широкиот засек за предната камера, кој го имаше оригиналниот Poco F1, а го менува со pop-up селфи камера. Како се снајде камерата на тестот на издржливост, погледнете во видеото погоре.