Кинескиот бренд Meizu официјално објави дека Meizu 16s Pro телефонот ќе биде претставен на 28. август. Се очекува дека уредот ќе има премиум спецификации, и дека ќе се натпреварува со моделите како што OnePlus 7 серијата, Redmi K20 Pro и други.

Веќе се појавија спецификации од телефонот, кои откриваат дека Meizu 16s Pro ќе има Snapdragon 855 Plus чипсет, до 12GB RAM и 256GB UFS 3.0 простор за складирање. Кога е во прашање дисплејот, тука е AMOLED екран со освежување од 90 Hz и 120 Hz touch sample стапка. Телефонот има дисплеј од раб до раб, со тенки рамнки од горната и долната страна.

Главната разлика во однос на стандардниот Meizu 16s е во бројот на камери на задната страна. Meizu 16s Pro ќе има три камери, од кои 40 MP и 20 MP сензори, со ултраширока трета камера. Телефонот ќе има и поддршка за 18W брзо полнење, како и Android 9 Pie OS со FlymeOS 8.