iPad уредите на Apple вообичаено ја користат истата A серија процесори, која ја имаат и iPhone уредите, со исклучок на некои промени што ги прават нешто помоќни. Меѓутоа, изгледа дека iPad моделите во иднина ќе добијат значајно подобрување на перформансите, бидејќи би можеле да ја имплементираат M серијата чипови, кои Apple ги користи во своите Mac компјутери засновани на ARM архитектура.

Ова го објави тајванскиот Economic Daily News, кој тврди дека Apple ќе ја произведува M серијата чипови, која во иднина ќе можат да ја користат и Mac и iPad уредите. Оваа M серија ќе користи 3nm архитектура, што значи дека ќе бидат уште поефикасни од оние кои моментно се достапни.

Во овој момент, iPad уредите се сметаат како поголеми верзии на iPhone, така што ќе биде интересно да се види што префрлањето на помоќните чипови ќе значи за популарната линија таблет компјутери. Можноста за покренување на софтвер од десктоп класа секако би бил значаен додаток за идните на iPad уреди.