“Њујорк Тајмс” известува дека постојат повеќе од 250 Android игри, но и некои iOS апликации кои користат софтвер на компанијата “Алфонсо”, со цел да следат кои ТВ емисии и реклами ги гледа корисникот.

Сите собрани информации се користат за прикажување на одредени реклами.

Од “Алфонсо” истакнуваат дека планот на компанијата не бил да се следат разговорите, туку само сигналите потребни за да се одреди што му треба на корисникот.

Компанијата тврди дека се е регулирано и дека не се нарушува приватноста, односно дека играта ќе го вклучи микрофонот, само доколку тоа го одобри корисникот.