Неодамнешните извештаи откриваат дека телефонот Motorola One Action ќе биде објавен наскоро. Во меѓувреме, се појави предвремен листинг за уредот кој ги открива целосните спецификации, фотографии и цена на телефонот. Листингот, во меѓувреме, беше отстранет, но го откри и датумот на објава на телефонот.

Според информациите, Motorola One Action ќе биде објавен на 7 септември. Телефонот има 6,3-инчен дисплеј со Full HD +, со сооднос од 21: 9. Напојуван е од чипсет Exynos 9609, а оперативниот систем е Android One базиран на Android 9 Pie OS. Телефонот има и батерија од 3500mAh, со поддршка за брзо полнење од 15W преку USB-C портата.
moto2_64.jpg
На задниот дел на уредот се наоѓаат три камери: главна од 13 MP, 5 MP depth, и ултра широк сензор со видно поле од 117 степени. Предната камера има сензор од 13 MP.

Моделот Motorola One Action со 4 GB RAM меморија и 128 GB меморија за складирање во Европа би требало да чини 299 евра. Компанијата ќе понуди и поевтин модел, со 3 GB RAM меморија и 32 GB меморија за складирање, или варијанта од 4 GB + 64 GB, но нема информации за нивните цени. Телефоните ќе доаѓаат во бела и сино-зелена боја.