Кога станува збор за Samsung, компанијата секогаш има испланирано изненадувања на настаните за промоција на нови производи, па така откако беше најавен новиот Galaxy Note 10, Samsung го најави и новиот ARM-базиран лаптоп со вграден LTE connectivity систем.

Според компанијата, батеријата на лаптопот трае неверојатни 23 часа.

Со почетна цена од 1000 долари, новиот Galaxy Book S се чини дека е создаден за непрекината работа за оние кои се постојано во движење.

Како и неговиот претходник, Galaxy Book 2, новиот лаптоп на Samsung ќе работи со оперативен систем Windows 10, а наместо Intel или AMD процесор, тој доаѓа со Snapdragon 8cx чип од Qualcomm.

Моделот Galaxy Book S има 13-инчен фул-HD екран, тенок профил, USB-C полнење, AKG стерео звучници.

Во однос на останатите спецификации, лаптопот вклучува 8 гигабајти РАМ, 256 гигабајти или 512 гигабајти внатрешна меморија, микро-СД слот за картичка како и 802.11ac wi-fi.

Со маса од околу 960 грама, новиот Galaxy Book S е неверојатно лесен и едноставен за носење, додека пак интеграцијата со апликацијата Your Phone на Microsoft дополнително го олеснува процесот на трансфер на фотографии, фајлови и мејлови, доколку телефонот и лаптопот се синхронизирани.