Веќе извесно време кружат гласини за тоа дека Google разгледува на влезе на пазарот на флексибилни телефони со својот Pixel модел. Најновите гласини сугерираат дека можната објава на Google Pixel Fold моделот може да следува во текот на четвртото тримесечје оваа година, а телефонот би требало да има LTPO OLED дисплеј.

Google за октомври веќе планираше објава на pixel 6 серијата, а компанијата ни понуди ран увид во дизајнот на двата претстојни модел. Pixel Fold засега не е споменат. Можно е дека Pixel Fold ќе биде дополнително објавен во текот на претставувањето на Pixel 6 серијата.

Претходно оваа година се појави необјавениот Pixel телефон, со ознака на модел GPQ72 и кодно име Passport, а ова е наводно флексибилен Pixel модел. Нема речиси никакви детали за Pixel Fold телефонот, а некои претходни Google патенти сугерираа дека би можел да има камера под дисплејот.

Се појавуваа и информации за 7,6-инчниот флексибилен уред, кој би ја користел технологијата на Samsung за прекло на екранот кон внатре.