Претходните Apple iPad модели воглавно не поминуваа добро на тестовите на свиткување, а како на ова поле се снајде најновиот iPad Pro 12.9 (2021) ни демонстрира популарниот Зак, од YouTube каналот JerryRigEverything.

Зак на својот специфичен тест на издржливост го имаше најновиот iPad Pro 12.9 со M1 чип, а ова е истовремено и првиот таблет уред со mini-LED LCD дисплеј. На тестот, дисплејот се гребе на шестото ниво на Мосовата скала, со подлабоки засеци од седмо ниво.

Под оганот на запалка, пикслеите на mini-LED екранот поцрнеа за околу 17 секунди, а потоа се опоравуваат откако пламентот ќе се изгаси. Задната страна од алуминиум очекувано е подложна на гребење со нож.

На крајот, тестот на свиткување покажува интересни резултати, кои можете да ги погледнете во видеото. Ќе кажеме само дека не би било пожелно да седнете на својот нов таблет од 1100 долари.