Samsung својот S10 5G смартфон го претстави без информација за тоа колку ќе чини. Меѓутоа, извештаите од Јужна Кореја ја откриваат цената на претстојниот уред, кој се подготвува за објава на пазарот во текот на следната недела, вклучувајќи ја и варијантата со 8 GB RAM и 512 GB простор за складирање.

Цената за 8GB/256GB модел ќе изнесува околу 1220 долари, односно околу 1360 долари за варијанта со двојно повеќе простор за складирање податоци.

Појавата на телефонот на пазарот на 5. април ќе биде прв пат Galaxy S10 5G да биде понуден било каде во светот. Истиот ден почнува и претпродажба на Verizon, додека во Европа ќе пристигне нешто подоцна. Се уште се очекуваат информации за цената на смартфонот за европскиот пазар.

По Јужна Кореја и САД, Samsung Galaxy S10 5G ќе пристигне во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија. Барем осум провајдери соработуваат со Samsung на развој на 5G мрежата која ќе овозможи гигабот брзини за претстојниот паметен телефон.