И додека дизајнот на новиот Google Pixel е познат по веројатно најгрдата изведба на „забот” на дисплејот, достапни бои беа мистерија. Барем досега.

Droid Life пренесува дека црна, бела и „мента” ќе бидат боите во кои ќе бидат достапни Pixel 3 и Pixel 3 XL по претставувањето кое е закажано за 9. октомври. Информацијата пристигна од преземените банери на Google, а кои доаѓаат во трите споменати бои со алузија на задната страна на смартфоните.

 

Да потсетиме, Pixel 3 и Pixel 3 XL се трета генерација на брендот на Google, Pixel кој прв пат беше претставен во 2016. година.

Она што предизвика контроверза е наводниот доста поголем „засек” на моделот Pixel 3 XL. Освен тоа, двата уреда ќе имаат стаклена позадина и безжично полнење. Исто така, ќе имаат двојни предни камери и една задна камера.