Amazon развива робот кој ќе извршува човечки гласовни команди

Американската компанија Amazon развива робот кој ќе го слуша гласот на својот „господар“, објави „Дејли мејл“. Роботот моментално е во фокусот на оваа компанија и најдобрите инженери биле повлечени од останати проекти за забрзано да работат на развојот на овој робот.

Домашниот асистент на тркала, моментално е во фокусот на оваа компанија и најдобрите инженери биле повлечени од останати проекти за забрзано да работат на развојот на овој робот.

Инженерите, засега, не откриваат никакви детали, освен дека роботот се вика “Веста” и дека ќе биде висок до „половината на човекот“, дека ќе реагира на гласовни команди и ќе биде опремен со повеќе камери за да може да се снаоѓа во просторот.

„Дејли Мејл“ додава дека најверојатно повеќе детали за роботот на „Амазон“ ќе дознаеме во септември кога американскиот гигант традиционално ги претставува своите поголеми проекти.