Безбедносните копии од податоците од вашиот паметен телефон сепак имаат “рок на траење” и се бришат ако паметниот телефон не го користите две недели…

Благодарение на низата од помали подобрувања на опциите за изработка на безбедносни копии (backup) и повраќање на податоците, Google значајно го олесни преминот од еден уред придвижуван од мобилниот оперативен систем Android на друг.

Сепак, се чини дека преминот на еден нов уред и не се одвива толку “совршено” ако паметниот телефон на некое време се остави неактивен.

Всушност, еден незадоволен корисник се пожалил дека Google му ја избришал безбедносната копија без да биде известен ниту пак опоменат. До тоа дошло откако својот Nexus 6P го заменил со стариот iPhone додека не ја доврши потрагата за нов Android паметен телефон којшто најмногу би му одговарал. А кога ја погледнал мапата наменета за безбедносните копии на својот Google Drive, воочил дека недостасува backup за Nexus 6P. Корисничката поддршка потоа и му потврдила дека не постои никаков начин за да си ги поврати податоците.

Збунет поради неочекуваниот развој на настаните, истражувајќи по интернет мрежата, наишол на веб страница којашто опоменува дека безбедносните копии автоматски добиваат рок на траење откако ќе престанете да го употребувате својот паметен телефон барем две недели, или подолго.

Бришењето на неактивните профили го прават бројни сервиси за складирање, вклучувајќи го тука и Dropbox. Проблемот се состои во тоа што Google не го известил ниту опоменал корисникот дека ќе го отстрани неговиот складиран backup.

Инаку, создавањето на безбедносни копии не овозможува само зачувување на контактите и календарот, туку и апликациите и историјата од повици и поставки на телефонот (на пример, лозинките за WiFi), а сето ова веќе се овозможено со Android 6.0 Marshmallow. Направениот backup наводно останува неизбришан до десет недели.

Next Web од Google пак добил одговор во којшто и тие потврдуваат дека после две недели започнува да тече рокот на траење на безбедносните копии при што се повикуваат корисниците да се изјаснат дали сакаат да добијат известување за понатамошниот статус на нивниот backup.

Извор: Tportal.hr