Тинејџерката Ле Ти Ксоан (14) од Виетнам починала откако додека спиела легнала над оштетен кабел од полнач за iPhone.

Ле починала од струен удар бидејќи жиците од полначот на еден дел биде соголени.

Девојчето било пронајдено од родителите утринава, по што веднаш ја однеле во болница, но немало спас за неа.

Тинејџерката својот iPhone го полнела покрај креветот, а полицијата по несреќата покрај него пронашла изгорен кабел.

Докторите утврдиле дека причина за смртта е струен удар, пишува Мирор.