Новата GoPro Hero 7 камера најверојатно ќе изгледа исто како претходната, но промената се очекува во перформансите, a се зборува дека ќе биде опремена со подобрена оптичка стабилизација.

Исто така таа ќе доаѓа во три варијанти црна, сребрена и бела, и не се знае по што точно ќе се разликуваат тие, но одредени гласини велат дека црната варијанта ќе биде единствена со екран на предната страна.

GoPro најверојатно ќе ја претстави новата линија на камери при крајот на септември. Новата Hero 7 серија ќе биде битна за да го задржи интересот на луѓето во време кога тие најчесто купуваат дронови и смартфони.