Познатиот дојавувач @IceUniverse објави дека следната година ќе видиме паметен телефон со 108 мегапикселна камера и 10x оптички зум. Уредот од фотографијата, која го следи неговиот твит, изгледа како Samsung Galaxy Note10, но не е истакнато кога производителите ќе претстават телефон со споменатите карактеристики.

Интересно, во март се појави извештајот на Credit Suisse, кој предвидува дека во втората половина на 2019. година ќе се појават 65 мегапикселни сензори, додека 108 MP сензори ќе видиме во текот на 2020. година. Сензорите од 64 MP веќе станаа реалност и производителите полека се подготвуваат да ги имплементираат во уредите. Qualcoom, исто така, имаше слични предвидувања за 64 MP и 100 MP камери на телефоните.

Засега ниту една компанија официјално не објави дека работи на 100+ мегапикселен сензор за мобилни уреди, како ни на 10X оптички зум (актуелната генерација телефони има 10x хибридно зумирање).