Одделението на Samsung во Индонезија објави твит со краток видео клип за претстојниот Unpacked настан, кој ќе се одржи на 7. август, и на кој се очекува да биде претставен Galaxy Note10. Датумот е познат веќе некое време, а видеото укажува на тоа дека Samsung ќе го промовира својот нов премиум смартфон.

Накратко, тема на видеото е дека наместо користење на повеќе уреди, може да се користи само еден – Galaxy Note10. Уредот може да биде десктоп (со DeX), а може да го замени и лаптопот надвор од канцеларија.

https://twitter.com/samsungID/status/1148215434921086977

Интересно е дека видеото е прилично бизнис ориентирано во промовирањето на Samsung Galaxy Note10 моделот, што не беше во целост случај со Note9 верзијата. Првите промо клипови за Note9 го прикажуваа во бизнис опкружување, но го истакнуваа и квалитетот на камерата, гејминг перформансите, водоотпорност и друго – телефонот е корисен како уред за напредни корисници, а не само како бизнис модел.

Сепак, ова е само прво видео кое се појави за Note10, од бројните кои се очекуваат. Веќе знаеме дека Note10 ќе има три камери + 3D ToF сензор, со надграден чипсет. Овие карактеристики се очекуваат во следните тизери.