Мicrosoft постојано го менува интерфејсот и функционалноста на својата продавница за апликации, во обид да им го олесни користењето на корисниците. Софтверските инженери на компанијата експериментираат со интересна идеја, која ќе овозможи од далечина да инсталирате апликации на компјутеритe со Windows 10. Оваа функција може да стане реалност до крајот на 2018 година.

Благодарение на тоа, ќе имаме начин да работиме со истите програми на сите наши компјутери. Концептот предвидува кога ќе го отворите веб сајтот на некоја апликација, што веќе сте ја инсталирале, да го видите копчето „Install On My Devices“, информира TechRadar. Со кликнување на него ќе се прикаже листа на сите уреди што ги користите и кои се поврзани со сметката на Microsoft. Корисниците треба само да го изберат уредот што го сакаат.

Идната голема надградба на Windows 10 е најавена за наесен и најверојатно овие промени ќе станат дел од онлајн продавницата на Microsoft.

ИЗВОР: Tech Radar