Вселенскиот телескоп пронајде егзопланета, која е помала од Земјата за 20 проценти.

TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) продолжува да открива мали планети надвор од Сончевиот систем. Најново откритие е планета со ознака L 98-59b, која е за 20 проценти помала од Земјата.

Планетата се наоѓа на оддалеченост од 34,6 светлосни години од нас и се наоѓа во таканаречената “зона на Венера”, што значи дека поради големиот ефект на стакленички плинови и површинска температура од 300 степени целзиусови би требало да биде целосно непогодна за живот, како што можете да видите во ова видео.

Иако ова е најмалата егзопланета откриена од TESS, не е апсолутно најмалата што НАСА ја има пронајдено досега. Вселенскиот телескоп  Kepler ја откри планетата Kepler-37b, која е малку поголема од Месечината. Но, NASA е задоволна што TESS се покажа способен за откривање на вакви мали светови и научниците веруваат дека вакви откритија во блиска иднина ќе има значително повеќе.
Извор: Vidi.hr