Xiaomi ја претстави својата нова CC линија смартфони, а првите модели од новата линија се Mi CC9, CC9e и CC9 Meitu Edition. Смартфоните посебно целат на различните сегменти, но сите се фокусираат на овозможување на одлични селфи фотографии и имаат големи батерии,

Mi CC9

Првиот модел во новата линија е стандардниот Xiaomi Mi CC9, кој нуди избалансирани карактеристики, вклучувајќи 6,39-инчен AMOLED дисплеј, Snapdragon 710 чипсет и три камери на задната страна. Xiaomi тврди дека телефонот има 32MP F/2.0 селфи камера, која е најдобра во својата класа. На задната страна се наоѓаат 48MP f/1.8 главна камера, 8MP ултраширока и 2MP depth камера.

Дисплејот има резолуција од 2340 x 1080p, засек во облик на капка и сензор за отпечатоци од прсти интегриран во екранот. Смартфонот го карактеризира дизајн со двојно стакло, помеѓу кое се наоѓа метална рамка. Задната страна ја карактеризира интересна завршница, која го прекршува светлото и ги менува боите под влијание на светлината.

Mi CC9 користи Snapdragon 710 чипсет, спарен со 6GB или 8GB RAM и 64GB/128GB/256GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android Pie со MIUI 10, а сето ова го напојува 4030mAh батерија со поддршка за 18W брзо полнење. Присутни се и 3.5 мм приклучок за слушалки, NFC поддршка и IR порт.

Телефонот ќе се најде на пазарот од 5. јули, а ќе биде достапен во бела, сина и црна варијанта по почетна цена од 260 долари за 6GB/64GB модел.

Mi CC9e

Xiaomi Mi CC9e е втор во линијата телефони на кинеската компанија. Буквата “e” во името означува Essential Edition, а Xiaomi тврди дека телефонот ги нуди сите функции кои ги има и Mi CC9, само во помал формат. Камерите од предната страна и од задниот дел се исти, а дисплејот е нешто помал и има големина од шест инчи и резолуција од 1560 x 720p. Екранот ја задржува AMOLED технологијата, сензорот за отпечатоци под екранот, а ист е и капацитетот на батеријата.

Mi CC9 Meitu Edition

Овој модел е идентичен на стандардниот CC9 телефон, но пристигнува со некои подобрувања на камерата благодарение на Meitu тимот, кој Xiaomi го ангажираше кон крајот на 2018. година. Телефонот им е наменет на влогери и го карактеризира AI портрет мод, филмски портрет мод и филтри за разубавување. Тука е и специјалниот режим за видео блогирање со стабилизација на видеото.

Остатокот од спецификациите е идентичен на стандардниот CC9 модел, со Snapdragon 710 чипсет, 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Mi CC9 Meitu Edition има цена од околу 380 долари и пристигнува во специјална Pearl White боја.