Властите во Лисабон одлучиле да ги казнуваат сопствениците на електричните тротинети, кои ќе бидат нјадени на тротоарите во стариот град на португалската престолнина.

Компаниите кои ги изнајмуваат тротинетите ќе мора да платат казна и до 300 евра, доколку овие превозни средства се најдат на тротоарите и други јавни површини, пренесе агенцијата АП.

Изминатата година девет компании го преплавија Лисабон со илјадници електрични тротинети, што е дел од таканаречената „револуција на микро-мобилност“ и продавање на приказната за „еколошка свесност“ со кои корисниците ги користат тротинетите низ градот, додека пешаците панично се тргаат на страна.