Прелиминарните податоци добиени oд руските клинички испитувања на вакцината против коронавирусот – „спутник 5“ покажуваат дека таа е ефикасна 69,3 проценти по првата вакцинација и 96,2 проценти по втората.

Ова го изјави Рамил Хабријев, член на Руската академија на науките и научен директор на Националниот научноистражувачки институт за јавно здравје „Семашко“, кој ги анализира резултатите од клиничките испитувања на вакцините. Тој исто така ги потврди ефикасноста и безбедноста на оваа вакцина, пренесува ТАСС.

Претходно, Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) објави дека вакцината против коронавирусот е ефикасна 95 проценти, според агенцијата.