Poco е подготвен за објава на уште еден буџетски телефон од својата понуда – Poco C3, а се очекува дека ова ќе биде најдостапниот модел на компанијата досега.

Сега е објавено ново тизер видео, кое укажува на 5000mAh батерија на смартфонот, а ни дава увид и во дисплејот, потврдувајќи дека Poco C3 е ребрендиран Redmi 9C модел.

Кратката реклама прикажува засек во облик на капка, а потоа се продолжува на споменатата батерија. Видливо е дека C3 ќе биде достаоен во истата зелена боја, како и финиш во два тона, како и Poco M2 Pro моделот. Телефонот би требало да го покренува Helio G35 чипсет, со 4GB RAM, а полнењето до 10W се извршува преку microUSB порт.

Остатокот од спецификациите, како и цената и достапноста на Poco C3 телефонот, ќе ги дознаеме на утрешната презентација.