Поединечни спецификации на паметниот телефон Nokia 9 кој допрво треба да се појави на пазарот, се објавени во документите на FCC агенциите. Судејќи според откриените информации, финската технолошка компанија креирала квалитетен и убав мобилен.

Смартфонот има 5.5 инчен OLED дисплеј произведен од LG, додека Nokia 8 користеше IPS LCD дисплеј.

Nokia 9 ќе има чип Snapdragon 835 и батерија од 3.250 mAh.

Новиот телефон на финската компанија има две задни камери, една од 12 мегапиксели и друга од 13 мегапиксели. Предната камера има пет мегапиксели.

Се уште не е познато колкава е RAM меморијата на телефонот, а Nokia 9 ќе биде достапна во две верзии, со интерна меморија од 64 и 128 гигабајти.

Се претпоставува дека телефонот ќе работи на Android 8.0 Oreo оперативен систем.

Nokia 9 би требало да има приклучок за слушалки од 3.5 милиметри. Од порано беше соопштено дека стаклото на овој телефон ќе биде многу поквалитетно од она на Galaxy уредите.

Исто така ќе биде отпорен на прашина и водоотпорен до еден метар вода.

Информациите околу цената и излегувањето на телефонот на пазари се уште не се во целост познати.

Постојат некои шпекулации дека Nokia 9 би можел да биде претставен на 19 јануари следната година на HMD Global настанот, кој се одржува во Кина.