Google веќе почна да развива сопствен хардвер, кој стана дополнителен извор на приходи за компанијата. Најпопуларни се паметните телефони од серијата Pixel, но тука се и паметните уреди Google Home, како и таблет уредите Pixel Slate. Сето ова го поттикна Google да обрне внимание и на лаптоп сегментот со премиерата на иновативниот Pixelbook, кој ја користи предноста на виртуелниот асистент Google Assistant.
Но, импресивната конкуренција во индустријата направи компанијата повторно да ја разгледа својата стратегија. Шефот за хардвер на Google, Рик Остерло, потврди дека технолошкиот гигант официјално ќе излезе од бизнисот со таблети. Во иднина, тимот од оваа дивизија целосно ќе се фокусира на развивање на нови лаптопи од серијата Pixelbook. Google ветува дека ќе продолжи да дава им поддршка за своите партнери, кои ќе продолжат да создаваат нови таблет уреди.
Компанијата запре најмалку два нови проекта за таблет уреди во последниве недели. Ова значи дека Google конечно се откажа од идејата за промоција на наследник на Pixel Slate. Тековната верзија на таблетот ќе продолжи да добива ажурирања до 2024 година.
Поврзани артикли