Претпоставката би била дека добар Wi-Fi хотспот е доволен да го надмине она што го нуди модерниот celular пренос на податоци, но изгледа не е така во пракса – во одреден број земји Wi-Fi конекцијата е проблематична.

OpenSignal спроведе истражување кое покажува дека мобилниот проток на податоци во просек од побрз од Wi-Fi хотспотовите во 33 држави. Меѓу овие земји се наоѓаат Србија и Хрватска, а нема изнесено податоци за Македонија. Во бројните случаи, разликата помеѓу двата система на пренос на податоци е голема. Во Австралија, Чешка или Оман разликата е преку 10 Mbps.

Истражувањето на OpenSignal покажува и сугерира дека корисниците и производителите на уредите мораат да го преиспитаат ставот за тоа дали Wi-Fi вообичаено е најдобро решение кога се во прашање брзините. Иако ова беше правило кога пазарот на смартфони беше во развој, тоа повеќе не е случај во ерата на LTE.

Исто така, Wi-Fi не е без сопствени проблеми, како што се презагушените мрежи. Сето ова се случува пред пристигнувањето на 5G технологијата и ветувањето за брзини од гигабит класа за одредени корисници. Иако Wi-Fi има своја намена, многумина повеќе ќе се одлучат за мобилен пристап, односно мобилен интернет.