Новиот флексибилен смартфон на Samsung, под името Galaxy Fold 2 на пазарот ќе се појави оваа година, а се шпекулира дека тоа ќе се случи во јули.

Новиот Galaxy Z Flip беше претставен пред седум дена, а веќе се зборувa за новиот смартфон на преклоп со назив Galaxy Fold 2, наследникот на актуелниот модел. Според информациите од јужнокорејскoто списание Aju News, Galaxy Fold 2 ќе има селфи камера под екранот којашто нема да биде толку изразена.

Овој уред ќе има главен екран од 7,7 инчи, нешто поголем од првиот Galaxy Fold кој има 7,3-инчен екран. Наводно ќе биде претставен во јули, така што јужнокорејската компанија ќе пласира два уреда во краток временски период.

Galaxy Fold 2 би требало да чини 1.980 долари, а се развива под кодот со име Champ.

Извор: Klix.ba