Марс 2020 сè повеќе наликува на вистински ровер, година пред планираното лансирање.

Инженерите на НАСА од Jet Propulsion Laboratory вградија нозе и шест тркала на роверот. Тркалата се направени од алуминиум и дизајнирани така што роверот ќе има добра рамнотежа на песокливи и груби површини.

Сите шест тркала имаат свои мотори, а предните и задните поседуваат и мотори за управување, така што роверот Марс 2020 ќе може да се движи за 360 степени. Ќе минува и низ стрмнини без притоа да се преврти.

Тимот овие тркала ќе ги користи само за тестирање, а идната година на роверот ќе бидат вградени тркалата кои ќе се користат на површината на Марс.

Во наредните неколку недели инженерите ќе вградат и роботска рака и камера, како и други мотори и компоненти наменети за собирање на примероци од карпите и тлото на Марс. Ако сè оди според планираното, патувањето ќе се одржи во јули идната година.

Извор: Klix.ba