Во последниве години, Microsoft направи големи напори да се израмни со PC гејмерите. Во најновата верзија на Windows, Microsoft се фокусира на подобрување на оперативниот систем за гејмерите со новите поставки за променлива осветленост (VRR). VRR сега ќе може да се користи дури и во игри кои немаат оригинална поддршка за оваа опција.

Поддршката за променливата стапка на освежување стана исклучително важна за PC играчите во текот на изминатите години, во голема мера благодарение на доминацијата на G-Sync и FreeSync дисплеите. VRR му овозможува на графичкиот процесор да го контролира освежувањето на мониторот и да го елиминира делењето на екранот за време на процесот.

Со новите подесувања на Windows, корисниците ќе можат да ја принудат променливата брзина на освежување во игри кои тоа не го поддржуваат. Стапката на освежување ќе варира од игра до игра, но се очекува дека ова сигурно ќе обезбеди подобро искуство при играњето.

Новата верзија моментално не се појавува кај сите, но полека пристигнува и треба да биде достапна наскоро.