Ако досега сте практикувале да снимате некои од телефонските повици на својот телефон, би требало да знаете дека со доаѓањето на Android Pie системот, оваа опција повеќе нема да можете да ја користите.

Android Pie 9.0 ќе укине било каква можност за снимање на повици – преку Stock Android или со помош на апликација поради можност за злоупотреба и манипулација со снимените разговори.

За да се овозможи снимање на повиците, уредите со Android Pie 9.0 системот ќе мораат да се “рутаат”, но корисниците во тој случај веднаш ќе ја загубат гаранцијата на уредот.

Google веќе некое време се бори со сузбивање на оваа функција и официјалниот API за снимање на повиците е повлечен уште во Android 6.0 Marshmallow верзијата на оперативниот систем.