Помалку е познато дека кинеската Народноослободителна армија користи одреден број компјутери базирани на оперативниот систем на Microsoft, Windows. 

Во текот на актуелната трговска војна помеѓу Кина и САД, во земјата со најмногу жители во светот, повторно е актуелизирано прашање на безбедноста на таквите компјутери.

Во канадскиот магазин што се занимава со војна проблематика Kanwa Asian Defence се појави информација дека кинеската војска има намера да го стартува проектот на миграција од Windows на некој од оперативните системи со отворен код, иако покрај Windows, се користат неколку слични системи, кои исто така се засновани на отворен код.

Во план е изработка на оперативен систем кој во целост ќе биде програмиран во Кина, и во чиј развој кинеските власти ќе имаат целосен увид.

За цел на изработка на новиот оперативен систем, Народноослободителната армија на Кина формираше посебно одделение кое ќе му биде директно одговорно на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

Целата постапка на миграција од Windows е поради загриженоста дека САД би можеле да го искористат оперативниот систем Windows за напади на инфраструктурата на кинеската војска.