Кина успешно го започна лансирањето на својата прва ракета од карго брод, и стана првата земја што поседува и користи пловечка платформа за лансирање.

Ракетата Long March 11 беше лансиранa од рампата монтирана на цивилен брод во Жолтото Море, објави кинеската Национална вселенска администрација.

Мисијата беше да се достават пет комерцијални сателити во орбитата на Земјата, како и два научни модули кои ќе ги следат ветровите на површината на океанот и ќе предвидат тајфуни и други екстремни временски услови.

Должината на ракетата е 20,8 метри и таа може да носи до 350 килограми товар. Таа беше лансирана за првпат во 2015 година, по што следеа уште пет лансирања од центарот за лансирање на сателитот Jiquan во северозападна Кина.