Неколку недели пред премиерата на Samsung Galaxy Note 9 на интернет се појави и првата фотографија на уредот што изгледа како да е излезена од канцеларијата на корејската компанија.

Сликата која беше споделена од Еван Блас во Twitter, го покажува смартфонот од различни страни и обезбедува поглед кон новата игла S Pen, која ќе биде еден од главните моменти на Samsung. Неодамна видовме пенкало во промотивен материјал за паметниот телефон.

Сликата ги потврдува претходните информации дека Galaxy Note 9 нема да се разликува многу по изглед од неговиот претходник. Главната видлива промена се наоѓа на задниот панел, каде што сензорот за отпечатоци е веќе ставен под двојната главна камера.

Исто така може да се заележи дека оваа година компанијата одлучила да ја обои S Pen во контрастна боја, што се чини дека е интересно решение.

Заедно со тоа на Twitter се појавија и две слики на прототип на телефонот, кои го потврдуваат веќе познатото за неговиот дизајн.