Пред неколку дена, подбрендот на Huawei, Redmi објави фотографија од Redmi K20 телефонот со црвенкаста боја. Сега се појави уште една фотографија од смартфонот, која го покажува претстојниот модел и во сина варијанта.
Оваа фотографија на K20 моделот изгледа е креирана во продавница во Кина, а покрај сината и црвена варијанта на телефонот, го потврдува и постоењето на pop-up селфи камерата, како и податоци дека K20 има тенки рамки и дека нема засек во екранот.
Фотографиите, исто така, повторно ги потврдуваат спецификациите за стандардниот K20 модел, како што се Snapdragon 730 чипсет, 48MP главна камера и 4000mAh батерија. Redmi претходно ги потврди функциите како системот со три камери на задната страна, 960 FPS slow-mo видео снимање, сензор за отпечаток од прст во екранот и DC Dimming.
Се очекува дека и K20 Pro ќе пристигне со споменатите функции, но со премиум Snapdragon 855 чипсет. Неодамна се појави и цената за Кина, која сугерира дека почетната цена на Redmi K20 моделот ќе изнесува 380 долари, што е помалку од основниот Xiaomi Mi 9 модел.