Apple денеска ќе го одржи својот „Hi, Speed“ дигитален настан, во текот на кој се очекува објавување на новата iPhone 12 линија. Се очекуваат четири нови телефони, а аналитичарот Минг-Чи Куо верува дека втората најевтина опција ќе биде и најпопуларна.

Според Куo, стандардниот iPhone 12 ќе се продава најдобро и тој очекува да сочинува 40% од вкупната испорака на новата iPhone линија. Неговите предвидувања, исто така, сугерираат дека iPhone 12 mini, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max ќе имаат по 20 проценти удел на пазарот.

Куо откри и дека, иако iPhone 12 mini ќе биде најевтиниот во понудата, тој нема да биде најпопуларен, а сето тоа поради неговата големина. Моментните гласини споменуваат дека мини моделот ќе има почетна цена од 699 долари, додека стандардниот iPhone 12 ќе чини 799 долари.

Се очекува дека iPhone 12 линијата на пазарот да забележи нешто послаби резултати во споредба со iPhone 11 серијата. Една од причините е подоцнежната објава, а другата е втора е пандемијата која што влијае на економијата.

iPhone 12 нема да има 120Hz екран поради потрошувачката на батерија