По повеќе години најави, гласини, протекување информации и рендери на можните идни решенија, Samsung неодамна го прикажа првиот концепт на уред со екран што се превиткува, чие официјално претставување, според некои најави, се очекува на почетокот на следната година.

Јужнокорејската компанија, сепка, не е единствена која работи на развој на мобилни уреди на преклоп, па во текот на 2019. година и неколку кинески компании би требало да претстави свои модели на теелфони и таблет уреди со флексибилни екрани.

Како што пишуваат јужнокорејските медиуми, компанијата LG Display работи на сопствена верзија на екран кој се витка, а на проектот соработуваат со неколку кинески компании кои имаат во план да го имплементираат овој екран во нивните нови производи. Се работи за компаниите Lenovo, Xiaomi и Huawei, кои сакаат да се приклучат на трендот кој го започна Samsung.

Соработката со Lenovo би требало да резултира во производство на првиот таблет со екран кој се витка, за кој двете компании во моментов развиваат дисплеј со големина од 13,3 инчи и резолуција од 2.560 х 1.600 пиксели. Екранот на уредот кој ќе биде претставен во иднина ќе се витка навнатре, слично како кај моделот на Samsung, така што нема да има дополнителен надворешен екран.

И Xiaomi работи на екран кој се превиткува, чие техничко решение би можело да биде слично на она на Huawei, кое повеќе потсетува на класичен смартфон отколку на хибрид помеѓу смартфон и таблет, каков што е моделот на Samsung.

Покрај наведените компании, постојат шпекулации дека LG ќе произведе дисплеј кој се витка и за сопствени потреби, кој ќе биде употребен во некој од новите модели на телефони на оваа компанија. Според најавите, поголемиот дел од овие компании ќе ги претстават новите уреди веќе од јануари наредната година.

Извор: B92.net