За време на лансирањето гром удрил во ракетата Сојуз на космодромот во северна Русија, Плесецк, соопштиле денес службеници од космодромот.

Додека ракетата се кревала од лансираната плоча, била погодена од гром, но и покрај тоа целата опрема на ракетата продолжила да работи нормално, а сателитот отишол во орбитата во предвиденото време, пренела агенцијата “Itar Tas”.
“Тоа е уште еден доказ дека гром не може да го оштети нашето воздухопловно оружје”, рекол шефот на рускиот воздухопловен центар во Плесецк.

Ударот од молња се случил 10 секунди по полетувањето на ракетата. Инцидентот не влијаел на лансирањето.

Лансирањето на ракетата носач со навигацискиот сателит „Глонас М” од „Плесецк” е прво во 2019 година.

Руската сателитска навигациска група „Глонас М” во орбитата ја сочинуваат 26 сателити, од кои еден поминува тестирање, а еден стои како резерва.