Oppo минатиот месец ја објави својата прва Reno серија паметни телефони со Oppo Reno, Reno 10x zoom и Reno 5G моделите, а изгледа дека кинеската компанија наскоро ќе претстави и поевтина алтернатива.

China Telecom накратко го прикажа новиот Reno Z телефон на својот сајт. Покрај рендерите и спецификациите, тука се и информациите за цената.

Смартфонот ќе има 6,4-инчен FHD+ дисплеј со засек во облик на капка, каде што е сместена 32 MP камера, додека под дисплејот е вграден сензор за отпечатоци од прсти. На задната страна, телефонот ќе има систем со две камери, кој се состои од 48MP и 5MP сензори.

Телефонот го покренува Helio P90 чипсет, заедно со 6GB RAM и 256GB простор за складирање. Исто така, тука е и 3950mAh батерија со VOOC 3.0 поддршка и 20W брзо полнење.

Oppo Reno Z ќе биде достапен во Star Purple, Extreme Night Black, Coral Orange и Bead White варијанти, а очекуваната цена е околу 335 евра.